Ангел Ситновски – Бојс

/Ангел Ситновски – Бојс
Ангел Ситновски – Бојс 2018-08-21T17:17:58+00:00

Project Description

Ангел Ситновски – Бојс (4.10.1951, Скопје), дипломирал Архитектонско градежен факултет – архитектура во Скопје, постдипломски студии на насока Станување завршил во Белград во 1983 година.
Работел во ГРО „Пелагонија“ како инженер во оператива, потоа во претпријатието „Инжењеринг инвест“ како архитект. Од 1993 година вработен во сопственото инженеринг претпријатие „Ситновски“.
Во периодот 1978-1980 студирал на Педагошка академија – ликовна насока.
Во слободно време се бави со сликање во масло, акварел и пастел. Секој ден, освен во екстремни услови, е на Водно или по околните планини; пеш или со велосипед.
Патува често низ Европа и Блискиот Исток и прави фотографии на пејзажи и архитектонски објекти.
Бил соработник во списанието „Куќа“, како и во „Мој дом“. Член на Асоцијација на Архитекти на Македонија, претседател на последното Биенале на архитектите и до неодамна член на Управниот одбор на Претседателството во асоцијацијата .
Колекционер на музика од 1962 година. Меѓу првите во градот ја има плочата од Beach Boys – од таму прекарот Бојс. Горд сопственик на околу 1.000 сингл плочи и околу 20.000 ЛП и ЦД-а.
На почетокот на деведесеттите работел како водител во Скај радио, а околу пет години, до средината на 2007, во радио Равел, како водител на емисијата „Рок приказна“.

Related Articles