Ана Франговска

/Ана Франговска
Ана Франговска 2023-10-01T11:46:38+00:00

Project Description

Д-р Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија на Р.С.Македонија и предавач на Институтот за историја на уметност и археологија, Филозофски факултет
Адреса: Партизански одреди 111/2-13, 1000 Скопје
Телефон: + 38970574930
е-пошта: anafrangovska@gmail.com , anafrangovska@yahoo.com

 

Ана Франговска е историчар на уметност и кустос. Родена 1978 година во Скопје. Дипломирала историја на уметност и археологија во 2001 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Филозофски факултет во Скопје, Институт за историја на уметност и археологија. Магистрирала на истиот факултет во 2017 година. Докторант е на Универзитетот Сингидунум, Факултет за медии и комуникации во Белград.

Таа е виш куратор во Националната галерија на Р.С. Македонија од 2006 година и предавач на Институтот за историја на уметност и археологија, Филозофски факултет, од 2016 година. Курирала и организирала голем број институционални и независни проекти во земјата и странство и била куратор на Павилјонот на Република Македонија на 55-то Биенале во Венеција, Италија, 2013 година на проектот „Silentio Пathologia“ на уметницата Елпида Хаџи-Василева. Таа е и актуелен куратор (заедно со д-р Сања Којиќ Младенов) на овогодинешниот Павилјон на Република Северна Македонија на 59-та изложба на ликовни уметности на Биеналето во Венеција, Италија, 2022 година, со проектот „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска.

Related Articles