Ана Ристовиќ

/Ана Ристовиќ
Ана Ристовиќ 2018-08-21T17:17:54+00:00

Project Description

Ана Ристовиќ е родена на 05.04.1972 година во Белград. Дипломирала српска книжевност и јазик со општа книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Ги објавила книгите: Сновидна вода (1994, Бранкова награда), Јаже од песок (1997), Забава за безделните ќерки (1999, Награда Бранко Миљковиќ и Награда на Саемот на книги во Игало), Живот на разгледница (2003), Околу нулата (2006), П.С. (избрани песни, 2009, Награда Милица Стојадиновиќ Србинка)

Нејзините песни се преведувани на бројни јазици и се застапени во повеќе домашни и странски антологии, а некои книги ѝ се преведени на германски So dunkel, so hell (2007), словенечки Življenje na razglednici (2005) и словачки јазик Pred tridsiatkou (2001).

Освен поезија, пишува и есеи и книжевна критика. Преведува од словенечки јазик; досега има објавено 13 преводи на книги од современата словенечка проза и поезија.

Related Articles