Александра Димитрова

/Александра Димитрова
Александра Димитрова 2018-08-21T17:18:10+00:00

Project Description

АЛЕКСАНДРА ДИМИТРОВА е родена на 20 септември 1977 година во Скопје.
Дипломирала Македонска книжевност и јужнословенски книжевности во 2001 год. Магистрирала 2011 год. на Филолошкиот факултет во Скопје, на катедрата за Македонска книжевност со магистерската теза со наслов „Постмодернистичките стапици во драмите на Горан Стефановски“.
Нејзината прва збирка под наслов „Вежби за правилно дишење“ излегува од печат во 2002 година од книгоиздателството Макавеј, Скопје.
Втората збирка ја објавува самостојно, во 2004 година, како дел од заеднички ликовно-книжевен проект со академската сликарка Марија Николоска Наневска, под наслов „Јас-Ти“, поставен на 12 октомври 2004 година во Музејот на Град Скопје.
Третата збирка, под наслов „Божица на подивените мачки“ ја објавува за Блесок, во 2008 година, а една година подоцна во истата издавачка куќа ја издава четвртата збирка со наслов „Во аквариумот на Барби“.
Нејзината поезија е преведена на германски, англиски, турски, словачки и српски јазик.
Александра Димитрова освен поезија пишува и проза, како и книжевна критика. Автор е на блогот: www.bonbonce.blogspot.com.
Живее и работи во Скопје.

Related Articles