Александар Стаматов

/Александар Стаматов
Александар Стаматов 2019-10-30T10:46:23+00:00

Project Description

Александар Стаматов е роден во Скопје, 1974. Дипломира и магистрира филозофија во родниот град, а докторира во Тајван каде што живее веќе повеќе од десет години. Автор е на две книги како и на многу есеи и статии од полето на кинеската филозофија и пошироко, а исто така преведувал и дела од разни области на филозофијата од англиски на македонски. Пишува на македонски, англиски и кинески јазик и неговите текстови се објавени во реномирани домашни и меѓународни списанија. Бил основач и раководител на филозофскиот клуб Taipei Discussion and Learning каде што и самиот држел предавања на разни теми од кинеската и западната филозофија. Член е на уредувачкиот одбор на списанието Филозофска трибина, официјалното гласило на Македонското филозофско друштво. Автор е и на неколку раскази кои го отсликуваат неговиот живот во Тајван.

Зад себе има и богато музичко искуство. Бил член на рап групата Чиста Околина, како и на Оркестарот Пеце Атанасовски и етно составот Баклава. Со својата тамбура, како член на разни групи како што се Aashti и Balkazar, звуците на македонската народна музика ги пренесува и во Тајван.

Стаматов работи како доцент на Меѓународниот колеџ при Минг Чуан универзитетот во Тајван. Негови главни полиња на интерес се таоизмот и неоконфуцијанизмот, како и филозофијата на политиката и етиката. Тој се смета за првиот македонски истражувач на кинеската филозофија.

Related Articles