Поезија

Поезија

Истанбул
Средба
96
Буенос Аирес
Господар на Скопје

Превод од босански: Тихомир Јанчовски

Птиците и денес полетуваат навреме,
но јас нема ништо да научам,
зашто и мене ме научи да не мислам
за тоа дека си
тука само толку колку што треба за да се
одржам.
До следната љубов. До повторната смрт.
Велиш: птиците денес не летаат долго, но полетуваат на време.
И јас веќе не прашувам, ништо.
Златниот Рог тогаш изгледаше како идеално место каде може да пројде
патот на Мојсеј низ морето. Но, тргнав, повторно на спротивната
страна, уверувајќи се уште еднаш дека да се биде љубен е
всушност друго име за зависност.

АвторАхмед Буриќ
2018-08-21T17:20:40+00:00 ноември 12th, 2015|Categories: Поезија, Блесок бр. 101-102|