Игор не пишува песни, тој ги прави

/, Литература, Блесок бр. 100/Игор не пишува песни, тој ги прави

Игор не пишува песни, тој ги прави

Игор не пишува песни, тој ги прави


Толкупати сум рекла: „Морате да ги прочитате песните на Игор Исаковски!“, но никогаш не сум рекла зошто. Сигурно сега е време.

Не следиме современи поети. Особено последниве години, интересот за поезијата се намали. Знаеме толку малку нови поети по „Второто ново движење“, ако не сме заглавени во „Чудната“ ера. Со оваа реалност во нашите граници не добиваме шанса да ги запознаеме поетите од странство.

Се сретнав со песните на Игор Исаковски благодарение на промоцијата на неговата книга „Еби се Исаковски“ во мај. Имав можност да ги слушнам неговите песни од него самиот на неговиот јазик, со кој не сум ни малку запознаена. Дури и така, имав чудно чувство како да разбирам што вели. Кога Гокченур Ч, кој ги преведе неговите песни на труски почна да чита, на некој начин, разбирањето стана опипливо.

Првата песна избрана за книгата „Од каде толку инспирација, Исаковски?“ е како водич кон поезијата на Исаковски. Него го инспирира страдањето предизвикано од неговата свест, побуна во време на пораз, нештата за кои се фаќа кога е на дното, неговите патувања, љубовта и страста, книгите што му се при рака, а уште поважно, според мене, сомнежот во себеси. Кога го читате со овие елементи в рака лесно го разбирате изворот на вистинската тага во неговите песни. Сепак, заради ова, галењето по образот низ неговите стихови веднаш станува шамар. Тоа не е намерен шамар што ви го удира поетот, го предизвикува врската која ја гради со читателот и тоа што ве допира на вистинското место.

Избраните песни за оваа книга ве оставаат да читате, без да размислувате зад затвореното значење како „што сакал поетот да каже“, како што тече емоцијата на Исаковски, паѓајќи за да стане, непоразена, со болка, страст, понекогаш со љубов на татко, а најчесто со „свест“. Ви треба подолга или пократка пауза за да земете здив по секоја песна. Јас обично читам сѐ одеднаш кога првпат се среќавам со некоја збирка поезија. Ова не можев да сторам со оваа. Мојот прв обид заврши кога стигнав до шестата песна: „Добро“, која започнува со овиие стихови: “добро, ајде да си признаам: / јас сум сам. точка.” Запрев токму тука. Ја слушнав оваа песна на читањето. Всушност, помислив дека не треба да влијае на моето читање тоа што веќе сум ја слушнала Згрешив. Решив да ја прочитам со тоа што ќе се ставам во неговата осама и ќе си дадам пауза. Извесно време не ја допрев книгата. Кога решив да продолжам со читањето отидов таму каде што бев запрела, до „Добро“. Ја споредив песната со жесток пијалак, ако го пиете полека вкусот од него ви е насекаде по непцето, но ако ги испиете одеднаш, сиот, ќе ве собори.

Следната песна, „Нежна песна“, ми ја исправа изместената рамнотежа, иако има стихови во кои поетот како ве плеснува по лицето, како во „никако да се наситам од храна, зборови и музики / — ќе се заебам од премногу љубов за животот“.

Во „Ти спиеш тука…“ признава дека е грижлив татко, но тој никогаш не е лицемер. Ако таткото ја остава оваа книга на своите потомци, тие би го разбрале него и неговата болка и би биле свесни за реалноста на животот, што ќе ги натера да бидат добри луѓе. Не мислам, сигурно, дека поетот планирал такво нешто. Ова е само моето скромно мислење.
Неговата иронија го достигнува својот врв во песната според која збирката и го добила насловот, „Еби се Исаковски“ (не цитирам ниеден стих од неа, намерно, целата песна е злобна насмевка на моето лицето).

Откако ќе стигне до врвот, Исаковски не ве турка од зад грб и не ве остава да паднете од карпата. Ве зема за рака и продолжува да го опишува своите искуства додека не рече збогува. Во „Залегнат врз стихови“ тој вели: „насекаде околу мене стихови / врз мене стихови и под мене стихови / како нежни пеперутки како златна прашина / бегаат пред допирот како јато неми риби / во рибникот на небото кое златно свети / златно како молчење“. Неговото патување завршува во Истанбул со „Галеби над покривите“ со овие стихови: „вечерва, еден галеб бркаше гулаб. / еден гулаб дојде да го браби гулабот: / дојдоа и други гулаби. / нема правда на небото. / во ноќите над Истанбул. и воопшто.“ Сигурно заради неговата искреност, верувам дека не сакате да ја загубите неговата рака и да не ја завршите книгата.

Ја причитав книгата многупати пред да почнам да ја пишувам оваа критика. На крајот, си реков себеси: „Игор Исаковски не имитира ништо, тој не пишува случајни стихови и ги избира вистинските зборови и ги гради во песна… така ги прави песните“.

АвторМелике Инџи
2018-12-19T13:12:45+00:00 септември 9th, 2015|Categories: Критика, Литература, Блесок бр. 100|