Пренос

#5 Тема поврзана со потсвеста и несвесното префрлање на емоциите во секоја форма…
Љубов, бес, омраза, недоверба… претставени на посебен начин артикулирајќи го психолошкиот израз на ликовите, кои се преобразуваат од реалистична до идеализирана претстава со нагласени дисторзии.
Психолошката возбуда е изразена со сугестивниот колорит, енергичниот потез и сигурната техника…
Асоцијативните форми и „растечените“ ефекти дополнително ја потсилуваат атмосферата на потсвесното во која преку ликовите претставени во повеќе планови го претставува несвесното повторување и трансферот на емоциите…

АвторМилан Андов
2018-08-21T17:20:45+00:00 мај 15th, 2014|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 95|