Премногу и премалку

/, Блесок бр. 85/Премногу и премалку

Премногу и премалку

Премногу и премалку
Отклучувања и заклучувања
Турција и Европа
На гробот на Кант
Повторно за Кант
Критика на чистиот (д-р) ум
Завист
Unheimlich

Песни од книгата „Грабнувањето на Европа“ (2012)

Премногу преполни куфери 1F
Премногу железнички станици
Премногу градови и држави
Премногу водичи и мапи
Премногу музеи и библиотеки
Премногу глетки и впечатоци
Премногу организирани настапи
Премногу дискусии и тркалести маси
Премногу денови и ноќи
Премногу европски писатели
Премногу сниматели и новинари
Во еден и ист воз.

Веројатно затоа и успеав
За еден и пол месец –
Колку што бев на пат –
Да прочитам само една книга!

Најлош просек во добата откако
Научив да читам и пишувам.
#b
1. Оваа песна како и следните пет песни се резултат на патувањето со воз, како претставник на Македонија, во рамките на европската книжевна манифестација „Литературен Експрес Европа 2000“ (Literatur Express Europa 2000) која траеше 46 дена во јуни и јули 2000 година а на која учествуваа претставници на сите европски држави кои патуваа со воз од Лисабон до Москва и потем назад кон Берлин, имајќи книжевни настапи во Лисабон, Мадрид, Бордо, Париз, Лил, Брисел, Дортмунд, Хановер, Малборк, Калининград, Вилнус, Рига, Талин, Санкт Петерсбург, Минск, Москва, Варшава и Берлин. Организаторите, Европскиот совет и градот Берлин, го најавуваа ова епско патување со маркетиншките одредби во духот на Кантовото квантитативно возвишено како: 1 континент + 107 автори + 43 држави + 98 јазици + 46 денови + 7000 километри + 11 посетени држави + 18 градови + читања + дискусии итн. итн.

АвторИван Џепароски
2018-08-21T17:20:53+00:00 септември 2nd, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 85|