Молитвена

Молитвена

Искушение
Молитвена
Со запалена свеќа од црква излегувам

„Зошто никој и никогаш не ја намразил својата плот“?
Вели, апостолот.
Јас, му велам.
Јас!
Ниту го хранам.
Ниту телото го топлам.
Јас, му велам.

Апостолу благи,
го бранам од тревожни движења на плотта,
кога со плотни искушенија ме напаѓа.
Еве започна усните да ги калиграфира
да ме наведе на љубомислие.
Неволно ви велам, апсотолу благи
на љубомислие!

(Во која градина змија не влегува?)

АвторСветлана Христова-Јоциќ
2018-08-21T17:20:55+00:00 мај 19th, 2012|Categories: Поезија, Блесок бр. 83|