Добредојдено враќање кон музичките погранични зони

/, Звук, Блесок бр. 65/Добредојдено враќање кон музичките погранични зони

Добредојдено враќање кон музичките погранични зони

Calexico: Carried to Dust (Quarterstick/Touch & Go, 2008)

#1 Тапанарот John Convertino (Џон Конвертино) предизвикува мало déjà vu со ударите по обрачите со кои почнува воведната песна од Carried to Dust (Однесено кон прашината), “Victor Jara’s Hands” („Дланките на Виктор Хара“). Тоа потсетува на почетокот на “Quattro (World Drifts In)” („Кватро (Светот навева)“), втората трака од ремек-делото на Calexico Feast of Wire (Калексико, Жичана тупаница, 2003).
Garden Ruin (Уништена градина), албумот помеѓу Feast of Wire и Carried to Dust, се чини дека го стесни просторот кој Calexico го заземаше. Тоа беше интимен, затворен албум. Исто така, содржеше малку од југозападниот звук кој се сретнува на нивните најдобри албуми.
Лидерите на бендот Joey Burns (Џои Брнс) и Convertino никогаш не се потпираат само врз дувачки секции, ударни акустични гитари и припевот на шпански јазик; најдобрите моменти на Calexico се панорамските слики на американскиот запад прекриен со латино примеси и свинг. Оваа смеса го има своето добредојдено враќање на Carried to Dust. Ја има во “Victor Jara’s Hands” (се однесува на убиениот чилеански театарски режисер, музичар и политички активист) и во дувачката “Inspiración”, напишана и испеана од трубачот Jacob Valenzuela.
Carried to Dust е полн со широко отворени простори. Албумот е направен како патопис од времето на неодамнешните протести на Писателското здружение во Лос Ангелес. Суетата најмногу доаѓа до израз во “Writer’s Minor Holiday” („Малиот писателски одмор“) но патувањето е проткаено низ целиот албум, од “Bend to the Road” („Свиок на патот“) до сенишното затворање со “Contention City”, според празниот град во југоисточна Аризона.
Убаво е да се мисли за Carried to Dust како следбеник на Feast of Wire. Ја има истата стилска разновидност, со силна доза на пан-латино страст. И, како и својот славен претходник, албумот е прекрасен од почеток до крај.

Преземено од:
http://www.pastemagazine.com/articles/2008/09/calexico-carried-to-dust.html

Превод од англиски: И.И.

АвторШејн Харисон
2018-08-21T17:21:07+00:00 април 29th, 2009|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 65|