Гримасите на јазикот

/, Блесок бр. 65/Гримасите на јазикот

Гримасите на јазикот

Сини слики на зелен штафелај
Мисли во месечевиот катамаран
Поголемо од сè
Зад маската
Од врвот на мигот
Назад преку спротивниот земјин пол
Забава со лингвистичка потрага
Ги броиме годовите на телото
Гримасите на јазикот

Превод од англиски: Игор Исаковски
Од „Под виножитото на ноќта / Under nattens regnbue / Underneath the Rainbow of the Night“, Блесок, 2012.

твојот океански компас се капе во сончевина
а бродскиот клун се вкопува во
белиот песок пред да сопре…
овде нема траги оставени од боси стапала
ниту птичји трупови растопени во солта
само мокри распуштени едра кои те тапкаат по грбот
и ветер преку твоите од сонце изгорени раменици…

Тристан албатросот сè уште лебди над врвот од јарболот
замазнувајќи го научниот поглед врз површината на морето
овој океан врз лагерите на вечноста
и карпите заоблени и обликувани од бранливи прсти…
стоиш на бреговите од сопственото тело
чувствуваш како плимата ти се крева во очите
додека набљудуваш осамен кокос
кој океанот го донел овде од друг брег…

можеби отсечен со остра мачета
или одгризен во слобода од вилиците на ветрот…
не доаѓа цунами кон ова островско кралство
дали овие микро-континенти си ги знаат имињата меѓусебно?
се прашуваш додека времето станува голема чудна птица
преку истиот океан кој си одговара на сопственото ехо
и се вала напред со своето недопрено месечарско срце…
твојата кожна пустина го пие ова сеопфатно синило
чекајќи ноќта да ги запали своите дијаманти

АвторТристан Виндторн
2018-08-21T17:21:07+00:00 април 29th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 65|