Десниот бок на мојата жена

/, Блесок бр. 49/Десниот бок на мојата жена

Десниот бок на мојата жена

По патот
Вечера
Тајни
Десниот бок на мојата жена
Средба во сенката

Препев од англиски: Никола Маџиров

По патот од незнајното место
мојата жена скина цвеќе.
Над нас
висеше небото
а долу на тлото –
безброј камчиња.

По патот кон незнајното место
мојата жена скина цвеќе.
Еднаш се изгубивме, потем се најдовме
пред гробиштата
на брегот од една река.

Никој ниту нè повика
ниту нè протера,
само ги следевме малите
бледникаво жолти стрелки
исцртани насекаде околу нас.

Не ги спознаваме сторените гревови
ниту спасението.
Во темната сенка на лелеавите лисја од нашите срца,
веднејќи се до дното на тишината,
мојата жена скина цвеќе.

АвторЈасухиро Јоцумото
2018-08-21T17:21:24+00:00 август 6th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 49|