Снег во чевлите

/, Блесок бр. 41/Снег во чевлите

Снег во чевлите

Снег во чевлите
Љубљанска сиеста
Моливот пишува со срцето

Превод од српски:Никола Маџиров

Не се гради куќа врз збирките есцајг
иако некоја лажица повеќе
понекогаш е добредојдена.

Не се гради куќа врз новите завеси
иако инаквите погледи
одвреме-навреме
треба да се покријат со ново платно.

За да биде домот дом, меѓу другото
потребни ти се и многу нешта
од коишто однапред би се
откажал, со огромно задоволство.

Слушни што велат Ескимите:
за да изградиш пристојно игло
со години треба да носиш
снег во чевлите.

И игла-безопасна, заборавена
во кргната од палтото,
близу до гркланот.

АвторАна Ристовиќ
2018-08-21T17:21:33+00:00 март 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 41|