Дневник

Дневник

Дневник
Враќање од стража
Магла
Паскалова теорема
Забелешка (целиот мој живот)
Ров број 3
Горчина

Превод: Никола Маџиров

Настојувам да сум презафатен
само да не мислам на Тоа.

Муабетам за ситните нешта,
за девојките, фарбаните црвенокоси
што ги предизвикуваат биковите
со заносно движење на тореадор,

и мувите во тажното око на коњот,
и мирисот, зачуван во заборавеното палто.

Во мир пензионерите умираат,
откако почна војната чиниш предолго живеам,
чиниш одамна беше времето за умирање,
но нешто се чека,
во кујната, околу радиото,
како крај згаснато огниште.

АвторАсмир Кујовиќ
2018-08-21T17:21:39+00:00 септември 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 34|