Требаше да се заклучи

/, Блесок бр. 21/Требаше да се заклучи

Требаше да се заклучи

Неколку зборови за тоа…
Требаше да се заклучи
Прекин на комуникацијата
Никогаш повеќе, Ленора!
Наследство
Писмо до Лаодикеја
Lassitudo (заморни проникнувања)

… дали треба да се пишува (под)просечна поезија

Можно е и вечно ќе може
нов да се изгради израз

Ф. К. Хорациј

Нечесен случај на дисхармонија
без пригоден сведок.
Екстази нa говорот
во ситни јазични оази.
Безводна срцевина …
Или речено во четири очи,
молкот е мудрост
како баба ми што кажа.

Оти сведокот бил малокрвник
и еуфонија немало и стрвно
се беше забраздил
во пусински сентенци …
Осредна способност брза
кон таквиот порок
.1
Така! Катрани на нови(ни),
на ново(логизми).

А и да било нешто друго – било.

#b

1. парафраза од „Поетиката“ на Боало

АвторМаја Апостолоска
2018-08-21T17:21:55+00:00 јуни 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 21|