Бикови во мојот крвоток

/, Блесок бр. 05/Бикови во мојот крвоток

Бикови во мојот крвоток

Луѓе од збор
Првиот студен ден
Исплашена песна
Дрскост
Житие за живите
Садење дрво (запис)
Патишта низ небото
Повторно те сонувам
Бикови во мојот крвоток

Ми ја подгреваат верата
старите градови, одблесоци на потомците,
низ една долга историја.
Ги гледам фреските на заборавените херувими,
пластови на време наталожено во душата,
камен изделкан од проклетници
заробени во луда мижитатара.
Удираат по чеканот
ја дробат солта за нов почеток;
зборот е голема работа,
бидејќи сè започнува така:
со ракија
желба
и она што умните го викаат карактер

АвторБратислав Ташковски
2018-08-21T17:22:13+00:00 октомври 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 05|