Охридска поема

/, Блесок бр. 02/Охридска поема

Охридска поема

Предание за каменот
Заум
Средба со самовила
Женидба на Сонцето
Легенда за Чинарот
Оган над Канео
Предание за душата
Сончево семе
Предание за дождот

Постои црвен камен на брегот
– црвен олтар во пештера над езерото.
Најдеш ли стрелка од гром, си нашол кристал
што лекува од страв и од болест.
Каменот кога гори, водата да проврие,
полжави на суво се молат за дожд.
Сончев диск блеска над планините,
денот свети од водите на езерото.
Сонцето ги става злите дуси во оков
и сите луди глави под златни круни,
никој што носи несреќа – да не оди пред нас.
Сум седел на црвениот камен, сум гледал,
од езерото – светли патишта на сите страни
за оние кои срцето ги води.
Луѓето сеат пепел за дожд над полето,
да се венча небото со зеленото жито.
Јас сум син на сонцето и водата,
секој што мисли длабоко се спојува со мене.

АвторДушко Наневски
2018-08-21T17:22:16+00:00 април 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 02|