Поезија – Иво Рафаилов

/, Литература, Блесок бр. 130 - 132/Поезија – Иво Рафаилов

Поезија – Иво Рафаилов

Бесмртна елегија
Кратко повлекување од одговорност
Портрет на Кјубрик. Мачката и саканата
Неколку укажувања кон првата љубов
Кораб со робови според В. Тарнер
Уште еднаш Катул. Нов превод
Моби Дик
Елегија за твојот роденден


Бесмртна елегија

Дедо правеше пролетни посети
во белиот костум, со сламената си шапка.
Ја напаѓавме шапката
како птиче што истражува туѓо гнездо.
Во далечината тој како да беше цвет по дрвцата.

Во младоста, знам, истргувал јаболка од корен –
ги обгрнувал стеблата и методично, бавно
со приспивно фрчење – времето, сето што го имаше
лежело на тревата близу со превиткано сако под главата –
ја прекинувал врската со земјата,
уште живо ѝ го поднесувал.
Горичката била жртвувана.

Таму сега е плоштад со танцувачки плочи.
Тоа и таа скончаа пред него.

АвторИво Рафаилов
ПреводСузана В. Спасовска
2020-08-14T21:16:11+00:00 август 5th, 2020|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 130 - 132|