3 песни

3 песни

Мултиделириумската оаза на Ист Вилиџ
Молекул
Еволутивен стоп

лебдам како молекул на водород
во однос сум со макрокосмосот
микроорганизмите се преголеми за мене,
волшебниот дар на природата е
сето она за што сонуваме сите ние
или, мие,
па, вие,
па, не_знам_кој_друг,
сè додека мојата сенка е на твоите гради
некој ќе гради згради,
ќе свири балади вистински
со чаша на раката полнета со виски,
ќе пијам отров змиски
како аспирин за глава,
како жолтиот печат за Клинтон,
како внатрешната со надворешната,
како бандаж и ѕивана во Хавана
со уникатните пури како некој да чури,
за дајбоже да не ти затреба
и за да ти биде навистина кул
еден обичен водороден молекул

АвторОктај Ахмед
2018-08-21T17:22:17+00:00 март 1st, 1998|Categories: Блесок бр. 01, Поезија|