Широко дигитално речиси небо

/, Блесок бр. 40/Широко дигитално речиси небо

Широко дигитално речиси небо

немаше друга намера објава
за Хедер
Во мојата тишина за да оправдам
Со години
Потоа
Во мојата земја
Садиикии

седиме во мрачни ќошиња и пушиме
парчиња од попладне
седиме во мрачни ќошиња и мрмориме
полноќ е
во мрачни ќошиња полни со наши мртви
часови и векови
мртвите што се исто скриени во мракот
небаре мислат
небаре тивко ја следат ситуацијата
небаре самобендисани
придружувајќи ги нашите жени ноќе до дома
уверени дека сè е во ред
нашите жени што се однесуваат стегнато
вознемирено преправајќи се дека сè е во ред

АвторКрег Чури
2018-08-21T17:21:34+00:00 јануари 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 40|