Читање на тишината

/, Блесок бр. 71-73/Читање на тишината

Читање на тишината

Изградба на писмото
Симулација на соучесникот
Хорови на обичната смрт
Космичка верзија
Привиди на Медитеранот
Можен распоред на стиховите
Имиња на копнежот, женско име
Доживување на собата

Од „Читање на тишината / Čitanje tišine / Reading of silence“, Блесок, 2010.
превод од црногорски: Игор Исаковски

Како дете не сакав книги:
имав неправилен однос кон
стварноста. Во деветнаесеттата година
ги прочитав Борхесовите Фантазии,
и од тогаш – почнав да пишувам. Понекогаш
трескавично се занесувам, па со иста страст
забележувам графити по градските влезови,
или имиња на фирми на неонски реклами.
Во последно време сум сè поблиску до мислењето
дека нештата треба да се уредат така да немаш
никаква потреба од поддршка од други луѓе.
Ништо не може да ме попречи додека ги набљудувам
едноставните појави, и од својата соба
создавам огледи за сегашноста.
Само по некое медитеранско утро
ме тера да размислувам на условите за живот
на планетата. Дури и кога земам воздух,
остануваат недоумиците за просторот во кој се наоѓам.
Значи, сништата ми го изградуваат просторот, а јас сум само тука
за да ги проживеам веќе напишаните зборови.

2018-08-21T17:21:02+00:00 јуни 30th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 71-73|