Чекорење во сенка

/, Блесок бр. 55/Чекорење во сенка

Чекорење во сенка

Чекорење во сенка
Емигрирањето на ноќта од денот
Друга перница
Кафе и вода
Оловни зборови
Маски
Бикот
Скршената сенка

Замисли
дека оловни зборови
паднале врз девојче,
среќно заспано
во градина.

Замисли
дека татко ѝ ја опцул
зашто исчезнала во светот на соништата
и не го слушала што ѝ вели.

Замисли
дека девојчето е тешко
и го влече телото
наоколу,
постојано пцуена.

Замисли
дека девојчето станало жена,
и, згрбавена,
со погледот секогаш сведнат кон земјата.

Замисли
дека во главата има тони олово,
четириесет долги години,
пцуена сиот живот,
со пцости кои ја сосекуваат.

Замисли!

Виена, Амерлингхаус, 28 јуни 2000

(од англискиот превод на Волфганг Астелбауер)

2018-08-21T17:21:16+00:00 август 3rd, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 55|