Чекорење во сенка

/, Блесок бр. 55/Чекорење во сенка

Чекорење во сенка

Чекорење во сенка
Емигрирањето на ноќта од денот
Друга перница
Кафе и вода
Оловни зборови
Маски
Бикот
Скршената сенка

Стопати дневно повторува
„Морам да се вратам. Овде нема милост.
Таму има добрина и топлина и …“
Потоа замолчува.

Го прашувам, „Таму?
Каде е тоа?“
Тој покажува некаде.
Лицето му е безизразно,
и веќе ништо не вели.

Му ја земам дланката.
Одиме во кафé
и седнуваме на тивка маса во ќош.
Нарачувам кафе за него
и вода за мене.

Му зборувам на арапски
и сипам вода во кафето.
Тој збеснува, „Луд ли си?“

Се обидува да ја извади водата
од кафето.

Се обидува.

Се обидува водата да ја врати
во водата.

(од англискиот превод на Волфганг Астелбауер)

Виена, Кафé Гринстидл, 27 јуни, 1997

2018-08-21T17:21:16+00:00 август 3rd, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 55|