Чекорење во сенка

/, Блесок бр. 55/Чекорење во сенка

Чекорење во сенка

Чекорење во сенка
Емигрирањето на ноќта од денот
Друга перница
Кафе и вода
Оловни зборови
Маски
Бикот
Скршената сенка

Пред да си легнам,
секогаш ја протресувам
мојата перница.

Остатоците од сонот
сонуван минатата ноќ
остануваат свежи.

Не ги протресувам
од мојата перница.
Туку внимателно ги превртувам.

Можеби сонот ќе дојде
ноќва повторно,
ист каков што беше
минатата ноќ,

.
.

инаку
ќе биде стар.

(од англискиот превод на Питер Во)

2018-08-21T17:21:16+00:00 август 3rd, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 55|