Тркалезни форми

/, Блесок бр. 04/Тркалезни форми

Тркалезни форми

Жетва
Македонска свадба
Галичките чардаци
Големите мајстори
Прво писмо
Петто писмо
Харакири
Бајачка
Тркалезни форми


Ќе ја напишам последната песна,
ќе испијам три голтки саке
и ќе застанам радосен и чист
пред чистата и постојана светлина
од мојот искален меч.
И после ќе си го распарам мевот,
мевот со мечот
и тоа ќе биде крајот
на мојата последна песна.
Така ќе си го смирам гневот,
гневот и гревот,
така ќе си ја вратам
и својата погазена чест.
После читајте ја песната,
мојата последна песна:
„Тешко на тој што сака
со туѓа душа да живее
и тешко на тој што се плаши
да ги исправа божјите работи“

2023-06-07T21:16:07+00:00 август 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 04|