Толку малку

Толку малку

Надеж
Песна за крајот на векот
Ars poetica?
Не повеќе
Толку малку
Значење
Царот Константин

Треба некогаш да кажам како си ги променив
Погледите за поезијата, и како дојде до тоа
Денес да се сметам себеси за еден од многуте
Трговци и занаетчии на Стариот Јапан,
Кои си редат стихови за цутот на црешни,
Хризантеми и за полната месечина.

Камо да можев да ги опишам куртизаните на Венеција
Како на чардак задеваат паун со гранче,
И зад брокатот, бисерите од својот појас;
Со бујните гради слободни и румениот белег
Врз стомакот од тесно закопчаниот фустан,
Кој би можел да се види живо и од капетанот
На галионот штотуку пристигнат со товар злато;
И камо да најдам за коските им бедни на гробјето
Со портите излижани од мрсна вода некој збор
Што трае подолго од последниот им чешел
Кој сам во гниежот под плочите чека на светлината.

Тогаш не би се сомневал. Што може да се збере
Од неволната материја? Ништо, само убавина.
Та затоа, мора да ни е доволен цутот на црешни
И на хризантеми и полната месечина.

Монтгерон, 1957

АвторЧеслав Милош
2018-08-21T17:21:36+00:00 септември 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 38|