Темен коњ лежи над планината

/, Блесок бр. 08/Темен коњ лежи над планината

Темен коњ лежи над планината

Ги проверувам последните ракописи
Полноќ. Мртва точка
Мртвачница во неа
Ноќта е црна Liebe Marija
Темен коњ лежи над планините
Тоа што го имаме во нас
Тежина
Неподвижни работи

Како е тоа тивко, како
Трепери и исчезнува Како ни чува
Ни теши и штити
Од честото бегство кон бавчите стари
Скришум што ползат подигнати кон светот
Како е напуштено
Избувливо и несфатливо Како
Минува по небото кога песот лае
И трча Како е звучно Завива

Ко залив Оживува по гранките
На кои висат нашите тела

АвторСлаве Ѓорѓо Димоски
2018-08-21T17:22:10+00:00 април 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 08|