Телефонска секретарка

/, Блесок бр. 48/Телефонска секретарка

Телефонска секретарка

Телефонска секретарка
Дневната соба
Кредо
Вртење
Кутија клучеви
Природна историја на вооружениот конфликт
Локомотивата
Човек вреди само колку…

во спомен на Мајкл Хартнет

Календарот на масата последните листови ги брои.
Во абажурот на ламбата пајаче од сиви бои
ткае зимски покров.
Еден облак е небото мокро
и на запад се затемнува.
Черепот на ластовичиното гнездо се насмевнува
од под покривот, каде што уште си стои.

АвторПат Боран
2018-08-21T17:21:25+00:00 јуни 4th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 48|