Телефонска секретарка

/, Блесок бр. 48/Телефонска секретарка

Телефонска секретарка

Телефонска секретарка
Дневната соба
Кредо
Вртење
Кутија клучеви
Природна историја на вооружениот конфликт
Локомотивата
Човек вреди само колку…

Избор и превод од англиски: Магдалена Хорват

Светлото што трепка ќе значи не сум сам.
Миг потоа пораката што си ја оставила
или може порака од глас непознат ќе слушнам,
или звук на некој негде како се премислува,

па спушта слушалка. Но барем ќе знам дека
одвреме навреме некој на мене помислува,
па кој и да ме барал дома, кој и да ме чекал
или да не ме чекал, барем некаква утеха

ќе ми биде тој подарок светлина што некој
ми го пратил, како за добредојде дома знак.
Не си сам, ќе каже, веднаш штом се вратам,
на телефонската секретарка тој мал зелен зрак.

Или пак: колку очаен си станал за
љубов, тој изненадувачки треперлив сјај,
додека стоиш сам пред отворената врата
како човек пред небо без ѕвезди и без крај.

АвторПат Боран
2018-08-21T17:21:25+00:00 јуни 4th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 48|