Танцувајќи во Одеса

/, Блесок бр. 97/Танцувајќи во Одеса

Танцувајќи во Одеса

Молитвата на авторот
Танцувајќи во Одеса
Пофалба на смеата
Маестро
Тетка Роза
Тангото на мајка ми
Американски турист
Танцувајќи во Одеса

Каде деновите се криват и исправаат
во град кој не ѝ припаѓа на ниедна нација
туку на сите нации на ветрот,

таа прозборе со јазикот на тополите –
ушите ѝ трепереа додека зборуваше, тетка ми Роза
компонираше оди за берберници, за дракстори.

Душата ѝ чекореше на две стапала, со душа или без, детски додаток,
ги сакаше уличните музичари и знаеше
дека дедо ми составувал предавања за снабдувањето

и побарувачката за облаци во нашата земја:
Државата го прогласила за народен непријател.
Трчал по воз со домати во капутот

и танцувал гол врз масата пред куќата –
го застрелале, а баба ми ја силувал
јавниот обвинител, го пикнал својот молив во нејзината вагина,

молив кој отпишувал луѓе на дваесет години.
Но во тајната историја на бесот – молкот на еден човек
живее во телата на другите – додека танцувавме за да не паднеме,

помеѓу лекарот и обвинителот:
моето семејство, луѓето од Одеса,
жени со огромни гради, старци наивни и детинести,

сите наши зборови, бедрата на запалените татковци
кои се креваат и се креваат со секое прераскажување.

АвторИља Камински
2018-08-21T17:20:43+00:00 август 23rd, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 97|