Спроти куќата на Спиноза

/, Блесок бр. 99/Спроти куќата на Спиноза

Спроти куќата на Спиноза

Спроти куќата на Спиноза
Дете на судбината
Хиџра "92.
Рамонси на ѕидот на спалната за Мајда
Педесеттите По Адам Загајевски

секое уро
прво што гледам се
прекорните очи на Ди Диџив.

не дека сум моралист,
ама погледот на стариот наркос
има извесен квалитет.

па ми доаѓа денот да го почнам така
што најпрво на сите ќе им се извинам:
од цвеќето во вазната од Икеа до пентакосталната црква од спротива.

ама на крај сепак
како генерациски опортунист
секогаш некако вешто се извлекувам.

малку десно
потпрен на ѕидот е Џои.
зад црните очила секогаш подеднакво недоречен.

опсесивец со колкови на руска гимнастичарка
и иирзура на луда учителка
ти порачува како некој влакнест Хераклит

од Квинс
дека сѐ се менува
и секој час можат да те чапне

некој мрачен аватар, или да те најде некоја црна листа
на некоја тајна секта, цех, министерство, кабинет
или комитет.

крајно лево
– каква иронија –
стои и тој наци-сваци Џони

кому на носот му пишува дека во бендот
е само заради пари, документи, проценти
и бившата на Џои
заради која дотичниот не времето
ја напиша трогателната
The KKK Took my Baby Away
!

до него е и добродушниот Тамаш Ердели
алијас Томи Рамон, роден во Пешта во семејство
што го преживеа Холокаустот, сега мандолинист во

блуграс бенд, инаку последен жив член на првата постава
на големата четворка – по анкетата на Спин
најголемата рок сензација на сите времиња по Битлси.

значи тоа се моите четири утрински перспективи:
четири црни коси на Валас Стивенс,
четири зен-вицеви на мојата жена

со кои таа грижливо ја чува
нежната бунтовност на своите англомерикански
девојчински денови;

сите оние недолжни и сапунести сништа
за совршениот свет во кој Кортни
како Амфортас сѐ уште го љуби мртвиот Курт,

додека поетесата Ен Лаутербах
бескрајно замалува
како етерична есенција на маниризмот,

а Џермејн Гриер живее на имот
од три акри, со две кучиња, шеснаесет гуски
и функционален број на гулабови крилја…

на тој свет толку оддалечен
од моите штрбави балкански сатрапи
и нивните крвнички извици,

на тој свет каде е сосема природно
матурантките да сонуваат модри и скапоцени
веренички прстења, размавтани

и сјајни, кичести и трајни, и големи
колку предворјето на Риц на Фицџералд,
иако во суштина се работи за транзициски објекти,

како што велат психолозите, со кои ѝ пречиме
на таа слатка птица на младоста да ги отвори крилјата
и засекогаш да ни ги сврти стројните плеќи.

2018-08-21T17:20:42+00:00 ноември 9th, 2014|Categories: Поезија, Блесок бр. 99|