Смешниот облик на копнежот

/, Блесок бр. 44/Смешниот облик на копнежот

Смешниот облик на копнежот

Смешниот облик на копнежот
Можни лекови за убавината
Две илјади песни
Сонет во ноќна посета
Повторена фикција (прераскажувајќи го Борхес)
Сите живееме во прогонство
Добар бес
Бестселер

Зборови кои ти го раскинуваат јазикот.
Товарите на твоите очи.
Срцевите тупаници.
Колку уморно мислиш на црни ружи.
Секоја ружа е црвена.
Мало колење.
Вториот бакнеж кој не може да го заборави првиот.
Сеќавањето коленичи во мало поле.
Полето опкружено со дрвја.
Поглед врз лулката.
Сега утробата е празна.
Пијаното станува побавно.
Насекаде иднина.
Барање низ ѓубрето.
Кој сонува?
Песна во сонот како повик на душата.
Воден жиг.
Вреска најдобро што умее.
Никогаш исто зашто никогаш не престанува.
Носејќи ја маската на животот.
Дури и поприпиено кога е ноќ.
Ноќе има море кое ја покрива секоја сува земја.
Да нурне и да поплави.
Земјата се потресува од овој копнеж.
Добива секаков облик.
Кој тече низ сите трикови.
Кој не го слуша учителот во себеси.
Раѓање на секоја желба.
Одење испревртено.
Раце полни и преполнети.
Никој не го запишал ова.
Кое никогаш не ќе узнае задоволеност.
Само посакување.
Можеби да се маршира преку небото.

АвторМ.Т.Ц. Кронин
2018-08-21T17:21:30+00:00 септември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 44|