Седум прозорци во дворот на Гундулиќева 24

/, Блесок бр. 63/Седум прозорци во дворот на Гундулиќева 24

Седум прозорци во дворот на Гундулиќева 24

првиот прозорец
вториот прозорец
третиот прозорец
четвртиот прозорец (макробиотско животно)
петтиот прозорец
шестиот прозорец
седмиот прозорец

Девојче со долги прекрстени нозе на старинско канабе безгрижно скита по страниците на одново најдената книга. Нејзиниот уморен мирис потполно се стопува со влагата на просторот од кој запишувам немоќ и похота. Белината не телата трепери врз разнишаната нишка од обновеното четиво, а границата помеѓу сеќавањето и откритието станува невидлива: само колоната домашни мравки и искапаното стакло потсетуваат на излижаните страници од хрониката од кои тукушто се симнав во вторникот, на 7 јули 1992.

2018-08-21T17:21:08+00:00 декември 29th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 63|