Северна

Северна

Северна
Молејќи
Булки во житото
Бројанката на старецот
Последното хаику

Превод од англиски: Игор Исаковски

снег на летната планина
диво цвеќе црвенее на скршен камен
крвна одмазда крв храна за слободните

ножеви и пушки во ноќта
љубовна жестина таа сега спие
ме прогонува во мачјиот сон

златна коса и откршок
престрашена мугра и чудење

бевме ли толку прекрасни
пред нотарите

да ни подјармат да ораме
билки пченка семе збор

та да одгледаме лага?

АвторКлод Фримен
2018-08-21T17:22:07+00:00 октомври 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 10-11|