Сведочење на убавината

/, Блесок бр. 13/Сведочење на убавината

Сведочење на убавината

Сведочење на убавината
Нејзината песна
Одмаздата на пелтечавото дете
Знак од касај
Црвениот каталог на зборот зајдисонце
Жито
Сладолед

Самотијата е заглавена како молив во утробата на острилката. Неговата избричена глава е управувана и неговиот врв ја распорува кожата на хартијата растегната преку лицето на девојчето отворено кон нејзината тетратка со песни.

Каде се златните рудници, сакам да прашам а таа ја врти страницата, покажувајќи на петната од ‘рѓа врз зборовите што ги паркира, ред по ред, на паркингот на зајдисонцето, солза и рака откорната од рамото на момчето што еднаш ја прегрнало.

Купив, сакам да речам, обетки
и пиштол за дупчење уши,
а во меѓувреме, под нејзината веѓа
нејзиниот поглед е намачен
од испитувањето на очите.

АвторРони Сомек
2018-08-21T17:22:05+00:00 март 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 13|