Саемски ден

Саемски ден

Bossa nova
Заминувањето на малите адмирали
Зборувај ми
Саемски ден
Склоност
Чирак

имам прекрасна ќерка
денеска во својот кабриолет
ја водам во град на саем
над нас небо за излет
крај патот
луѓе со цврсти вилици
џвакаат гуми
и креваат шапки во поздрав

имам прекрасно девојче
ја замесив од светло месо
од сопственото здравје
ноќе кога спиеме на перницата
нејзината златна коса
во црната моја се плетка
а дење среќни се спуштаме до плажата

денеска во својот кабриолет
ја водам на саем првпат
ќе ѝ купам сè што ќе посака
шарени златни и бескорисни нешта
само да ѝ ја слушнам смеата
заедно ќе пееме на враќање
една песна за птица

ви велам, имам најмила ќерка
ја возам полека да го види
светот кој за неа го склопив
од најсјајни градови
а улицата по која некогаш
се спуштав до морето
за неа ја продолжив до бескрај

АвторОља Савичевиќ-Иванчевиќ
2018-08-21T17:21:22+00:00 октомври 7th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 50|