Саемски ден

Саемски ден

Bossa nova
Заминувањето на малите адмирали
Зборувај ми
Саемски ден
Склоност
Чирак

Нашата улица е тивка но ноќе
Слушам како ’рчи градот
Неговиот рамен звук во позадината
И мласкањето кога ќе се сврти на страна
Вечерва заминуваат сите адмирали од Матеушка
Ќе ги одврзат малите чунови
Ќе побараат нов свет
Тивко додека дебелиот град спие
Без помпа потполно скришум
Ќе се лизнат во темното море
Ќе го засечат ноќниот бран
Некаде на пучината ќе збрчат моторите
Смрдеата на нафта и застоено море
Мирисот кој се ниша во утробата на бродот
Ветрот ќе го врати во пристаништето
А наутро
Што ќе правиме без нив
Затоа мојот ковчег е секогаш подготвен
На пуст остров би понела
Метафора

АвторОља Савичевиќ-Иванчевиќ
2018-08-21T17:21:22+00:00 октомври 7th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 50|