Проѕирност

Проѕирност

Проѕирност
Нежните момци
Сеќавање

Попладневната дремка нè носи
на палубата од еден брод, децата бегаат
од ѕиновите на омарнината и досадата
кон синиот брег каде по кејот
шетаат мртвите. Лицата им наближуваат леко ко мачки
и нè прашуваат што сме оставиле зад нас
и дали веќе некој нè предал.
зауздани со копнеж стануваме храбри
и посегаме да ги зграпчиме за рака, да ги потегнеме
кон нас за да видат колку надојдена е нашата љубов
во празнините
од нивните исчезнати форми.
Тие се тргаат, лизгави како сенката што личи на вода
во далечината,
се распрснуваат во прав пред лицето на нашата желба.

Бранот нè фрла во будност, бледи и бедни
знаеме дека некој нè хранел од својата дланка,
без да му видиме лика, без да си ја задоволиме гладта.

АвторШарон Хас
2018-08-21T17:21:54+00:00 октомври 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 22|