Прелепа Церков

/, Блесок бр. 26/Прелепа Церков

Прелепа Церков

Прелепа Церков
Зрак
Виор
Пофална песна за првото почовекување господово

Смири се, веќе, ти страшна ѕверко!
Не завивај, стрвно, прегладнет волку!
Сломено срце, ти, прастара болко,
биди ми олтар на прелепа церков!

Да идам јас таму, во мракот стаен,
да тонам долго во мирис на темјан
за сите скрбни на оваа земја
за се што било а нејќело да е.

И нека се лее, од амвонот, горе,
нека ги повива нашите рани,
нека се гласи на сите страни

благословје верно за сите морни,
за сите кои, под власта твоја
не нашле радост за болката своја.

2018-08-21T17:21:49+00:00 мај 1st, 2002|Categories: Поезија, Блесок бр. 26|