Предвремено будење

/, Блесок бр. 59/Предвремено будење

Предвремено будење

Предвремено будење
Исповед на дете
Weltangschauung
Мирисот на смрчките На татко ми
Топла крв
Сакате ли вода?
Вода, о да!
Големата Мајка

Водата е мојата умножена точка на гледање.
Солена, слатка, пожелно расплинета
меѓу земните и неземните карлици
меѓу светите и световните.
Една од оние што не ги бирам по своја волја
но би ги одбрала.

Милно изобилство.
Независно од количеството. Од устието.
Уживам да ја гледам на куп.
Грст голтка, Грст морска длапка,
површина и дно одеднаш.
Тукуречи автономна целина!

Вода, о да! Да ѝ нема крај
и да не ѝ го барам!
да ѝ се воодушевувам.
Воодушевувањето е еднакво
на вода плус душа, свежа
изворна, поривна. Насушна.

Ако за вас имам
за водата немам замена.

Јас сакам вода
и водата сака мене
нашата љубов е взаемна
ѝ земам
ме зема.

2018-08-21T17:21:11+00:00 мај 10th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 59|