Полека ми пријде,
со шеширот врз челото,
дланката преку очи,
поет ослободен од должност.
На неговата маица пишуваше:
Го зборувам рајскиот јазик.
Мина низ мене
и го фати последниот воз,
кој беше наменет за мене.
Немам поим што ќе станеше
од мене. Од вистината
го знаеме само вошливото јадро.
После дождот
АвторМихаел Кругер