Поправање на кармата

/, Блесок бр. 66/Поправање на кармата

Поправање на кармата

Камења
Спомен
Бастун
Оса
Далечина
Портите на Отранто
Rainspotting
Поправање на кармата
Китсовиот славеј

на Р. Бројтиген

после
нанесениот лосион
треба да се земе воздух.
со многу сјајни меурчиња
што е можно повеќе да се исполнат
темномодрите градни вреќи.
(така, имено, се истерува
вокативот од ушните школки
и сеништето на самотништвото
од запарената завеса
на експрес ресторанот.)
а потоа да се излезе на улица
и да се чека да отскокне
извежбаниот сакрамент.
како торба на змијоловец
на имотскиот камењар.
Гомбрович со право ги мразел поетите.
знаеме и зошто.

2018-08-21T17:21:05+00:00 јуни 25th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 66|