Дали некогаш ќе имам бастун
слепечки господски старечки бастун
бастун со кој како Јејтс ќе излегувам на мраз
ќе тропкам врз плочникот ќе бркам птици и бубачки
кога ќе наидат збунетите доба
суви години кои лизгаат низ падините
ќе ми треба тој бастун
бастун-нешто од ружино или некое друго
дрво бастун занимација
и особено бастун-извичник
кој всушност е бастун-штипка
ги врзува вертикално земјата и раката
нивните обострани клешти
во кои ме љубеше.