Поправање на кармата

/, Блесок бр. 66/Поправање на кармата

Поправање на кармата

Камења
Спомен
Бастун
Оса
Далечина
Портите на Отранто
Rainspotting
Поправање на кармата
Китсовиот славеј

Во скутот жена држи
живо пиле. Го лади
со лист пожолтен весник.
Долу Вруља врие од мрсни точки.
Автобусот на имотска пошта лизгав могул
октопод во мрежата на пладнето
искашлува искористен чад.
На невидливо место
од внатрешната страна на ретровизорот
тој миг надојдената река факели
приближени до трупови некое
друго заборавено тело
се распостила во топлиот
пепел на Бенарес.

2018-08-21T17:21:05+00:00 јуни 25th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 66|