Политика, порнографија, поезија

/, Блесок бр. 108-109/Политика, порнографија, поезија

Политика, порнографија, поезија

Q&A
Клучни зборови: Претпладне, јули, Ужице, Плоштад на партизаните, сонце, ветер, животни одлуки
Разговор на поранешни љубовници на заедничка перница

седиме и пиеме кафе
правиме сè што инаку прават луѓето
кои седат и пијат кафе

пред нас се раширени весници
ти прераскажуваш веќе нешто
јас се сеќавам веќе на нешто
големата рамничарска река
на разговорот тече мирно
без кривулење и без изненадувања

а потоа
потоа дувнува ветер
ја врти страницата на весникот
и од култура преминува на забава
затреперуваат сонцобраните
а тебе
тебе ти се поткрева сукњата
ама сосема малку

сосема незабележливо
за наострените куриња
кои околу нас
ги џвакаат лажичките за капучино
и пополнуваат тикети за кладилници
сосема незабележливо и за бабичките
кои внучињата ги изнеле на сладолед
дури сосем незабележливо
и за извежбаните очи на келнерите

сукњата незабележливо се поткрева токму толку
колената малку да ти подѕирнат
чашките да излетаат како перископи

а јас
јас губам контрола
се давам во желбата да те ебам
да водиме љубов
да ме ебеш
да се вгнездам во тие колена
да основам сопствена едночлена комуна
и тука да се скријам од погубното влијание
на тв дневникот
и на сопственото образование
кое ме тера да го гледам
тоа телевизиско ѓубре

сè што можам да ти посакам
за роденден
за денот на заљубените
за нова година
за славата на покојниот дедо и на живиот татко
за годишнината на фирмата на мама
за денот на борбата против фашизмот
за бившите денови на републиката и за идните денови на државноста
е да успеам
да ја канализирам
оваа врева во мене

и ветрот секогаш да дува во насока
на нежно поткревање на сукњата

АвторБојан Марјановиќ
2018-08-21T17:20:37+00:00 август 19th, 2016|Categories: Поезија, Блесок бр. 108-109|