Поеми

Поеми

Артемида и Актеон
Читање на христијанската академија
Песот на смртта
„Ве молиме испратете кратка биографија“
Ненадејна посета
Сол од пазарот

Се појавува во времето за консултации, кажува едно име
и прашува дали се сеќавам на син ѝ.

„Виктор. Секако.“

„Знаете дека почина?“

Се исправам на столот. „Господе, не.
Многу ми е жал.“

Ми покажува неколку песни напишани
со виолетово пенкало што го сакаше,

„Ги напиша овие в болница.
Беа ли другите студенти љубезни кон него?“

„Беа добра генерација.“

„Многу зборуваше за вас.“ Си игра со ѓерданот
од бисери. „Му ветив дека ќе ве посетам.“

Станувам да се поздравам. Потоа ја испраќам
до вратата која се отвора кон вообичаениот хаос:

навреди и флертување и закани на живите.

АвторРон Курџи
2018-08-21T17:20:37+00:00 ноември 10th, 2016|Categories: Поезија, Блесок бр. 110|