Поезија – Иво Рафаилов

/, Литература, Блесок бр. 130 - 132/Поезија – Иво Рафаилов

Поезија – Иво Рафаилов

Бесмртна елегија
Кратко повлекување од одговорност
Портрет на Кјубрик. Мачката и саканата
Неколку укажувања кон првата љубов
Кораб со робови според В. Тарнер
Уште еднаш Катул. Нов превод
Моби Дик
Елегија за твојот роденден


Уште еднаш Катул. Нов превод

Наместо да го разлистам, ја чистев клекнат
пајажината во ќошето на книгата и си мислев:
никој (готов да ја плати цената) пред мене
не ја држел во рацете.
Можеби внатре страниците одведуваат
по темни патеки, кои човекот не ги изврвел.
Или не се вратил. Или се вратил, но во друг вид.
Во друго време, пространство или превод.
Но пред и јас да прашам, ме прекина
ќерката на Флавиј. Со насмевка поприродна
од потскок на врапче. Со неа пред неколку години
пак правевме гнездо. И тоа сега личи на раскината пајажина

АвторИво Рафаилов
ПреводСузана В. Спасовска
2020-08-14T21:16:11+00:00 август 5th, 2020|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 130 - 132|