Божилак вжештен блесна –
од жетвата светлосна сноп.
В горешта лапавица
светци и светици
сред небесата –
светулки стреперени.
Свештеникот високо блешти,
прска светлост посветена.
Свештеникот вџашен и стишан
сред божјата просветленост.
Божилак вжештен блесна –
од жетвата светлосна сноп.
В горешта лапавица
светци и светици
сред небесата –
светулки стреперени.
Свештеникот високо блешти,
прска светлост посветена.
Свештеникот вџашен и стишан
сред божјата просветленост.