Пластење на жолтилото

/, Блесок бр. 33/Пластење на жолтилото

Пластење на жолтилото

Што ми рече ти
Графика на стаклото од прозорецот
Срндакот во сон
Пластење на жолтилото
Твоите очи

срндакот над позлатените лисја спие
го ниша него благото планинско ветерче
еве го стариот бард излегува од пената
на потокот
ја закачува лирата на неговите
величествени рогови
и помеѓу двете песни
ја создава тишината со ноти за сон
околу дабовите цветаат лалиња и сништа
срндакот ги гледа врвовите
на огромните грмушки
како му ги носи срната
цвеќиња цвеќиња цвеќиња
и планинската симфонија
му се причинуваат и зелени кањони
млади јасики росни тревки
сончевите зраци како ја истураат
вечноста по планината
а кому би ишло на памет во сонот
оти тука сосема блиску бдее ловецот

АвторЛиндита Ахмети
2018-08-21T17:21:41+00:00 август 1st, 2003|Categories: Поезија, Блесок бр. 33|